Црногорскиот кружен напаѓач Миодраг Ќорсовиќ, кој цело лето беше поврзуван со трансфер во хрватскиот Загреб, се пресели на Исланд.
Тој е нов ракометар на исландскиот првак Валур, кој е ривал на Вардар во групната фаза од Лигата на Европа.
Ќорсовиќ, кој е висок два метри, а тежок 107 кг, потекнува од црногорскиот Рудар Плевља, каде играше со 2020 година.
Потоа една сезона мина во Ловќен Цетиње, пред да се пресели во словенечкиот Тримо Требње, каде играше три сезони.
Црногорецот веќе настапи на квалификациските средби против Спачва Винковци и постигна четири погодоци.
Вардар ќе го пречека исландскиот тим Валур на 8 октомври, на стартот на Лигата на Европа, додека ќе гостува на островот на 19 ноември.