Тимот на Мелсунген, предводен од екс вардаровиот стратег Роберто Гарсија Парондо, продолжува да ја демонстрира својата сила.
Мелсунген славеше на гостувањето кај Кил со 25-21, што беше трет триумф по ред над „зебрите“, а втор на гостински терен.
Победата беше најавена уште по првото полувреме, кога Мелсунген водеше со 15-8, а во вториот дел немаше сили за пресврт.
Во составот на Кил недостигаат Билик, Рајнкин и Скипаготу, но по триумфот кај Магдебург се очекуваше „зебрите“ да продолжат со победничката низа.