Покрај женската репрезентација на Македонија, која два пати тестираше со Австрија и два пати загуби, активни во ЕХФ неделата беа и противниците на нашата селекција на ЕП – Турција и Унгарија.
Еден од домаќинките на ЕП 2024, Унгарија и наш ривал во групата, на домашен терен беше убедлив против Романија и ја победи со 37-28.
Селекторот Владимир Головин им даде шанса на сите ракометарки и дури шест од нив постигнаа по четири голови – Мартон, Шатцл, Качор, Клујбер, Кучора и Симон.
Турција играше на турнир во Португалија и загуби два пати – од домаќинот со 33-26, како и од Бразил со 30-25.
Шведска имаше собир во рамките на оваа ЕХФ недела, но не играше пријателски натревари.
Пријателски натпревари, резултати:
Исланд – Полска 15-26
Португалија – Конго 26-24
Словачка – Фарски Острови 24-23
Чешка – Полска 25-28
Холандија – Србија 40-27
Турција – Бразил 25-30
Хрватска – Словенија 18-25
Чешка – Исланд 26-21
Унгарија – Романија 37-28
Македонија – Австрија 31-25
Словачка – Фарски Острови 23-30
Португалија – Бразил 24-23
Холандија – Србија 26-22
Македонија – Австрија 34-21
Португалија – урција 33-26