Тимот на Јагодина, каде што играат двете македонски репрезентативки – Сара Стефаноска и Јана Равојска, ја запиша втората победа во српскиот шампионат.
Јагодина по триумфот над Напредак и ремито со Медицинар, славеше на гостински терен кај Младост Нова Пазова со 29-25.
Една од најдобрите на теренот беше Стефаноска, која успеа пет пати да ја погоди домашната мрежа.
Следува пауза за ЕХФ недела, а потоа Јагодина ја чека и европски предизвик во ЕХФ Купот, каде ќе игра со босанскиот Хаџиќи.