Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска ќе го одигра вториот сезонски натпревар во Лигата на шампионите. Втор ривал на пелистерци ќе биде тимот на Фуксе Берлин, кој во минатата сезона беше второпласиран во Бундес лигата.
Станува збор за искусен тим, во кој настапуваат неколку ѕвезди од тимот на Матијас Гидсел, Ласе Андерсон, Тобијас Рајхман…Избраниците на Бранко Ангеловски се свесни за силата и квалитетот на „лисиците“, но се надеваат дека со помош од публиката би можеле да дојдат до изненадување.
Во групата А, во која се наоѓа Еурофарм Пелистер, денеска ќе има уште еден натпревар, романскиот шампион Динамо Букурешт ќе гостува во Полска кај Висла Плоцк. Останатите два денешни натпревари ќе бидат од групата Б, ќе играат Загреб – Алборг и Нант – Келце.
На домашна сцена Пролет и Тиквеш ќе го одиграат заостанатиот натпревар од 2. коло во суперлигашката конкуренција. За кавадарчани натпреварот против Пролет ќе биде вистински тест пред реваншот со грчката Драма во Европскиот Куп.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:30 БУЗАУ – РАПИД (РОМАНИЈА)
18:00 ВОЈВОДИНА – ПАРТИЗАН (СРБИЈА)
18:45 ЗАГРЕБ – АЛБОРГ (ЛШ)
18:45 ВИСЛА – ДИНАМО БУКУРЕШТ (ЛШ)
19:00 ПРОЛЕТ – ТИКВЕШ (МАКЕДОНИЈА)
20:45 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ФУКСЕ (ЛШ)
20:45 НАНТ – КЕЛЦЕ (ЛШ)