Една од најдобрите ракометарки на светот – Кристина Неагу во разговор за романскиот портал „ГСП“ го сподели своето мислење за странските играчи во Романија.
Членката на ЧСМ Букурешт, клуб во кој моментално настапуваат 12 странски ракометарки, смета дека поголемиот број интернационалки во романскиот шампионат се на исто ниво со домашните ракометарки.
,Не знам дали сме на вистинскиот пат кога повеќе од половина од играчите во нашето првенство се странци. Мислам дека тоа не е природен развој. Романските играчи треба да тренираат и да докажат дека сакаат да постигнат многу повеќе. Доколку клубот донесе странски играчи, тие треба да бидат врвни играчи кои играат за нивните репрезентации. Сега имаме странски играчи чие ниво не е повисоко од домашните играчи “, изјави Неагу за „ГСП“.