Тимот на Феризај по трумфот во Супер Купот на Косово, приреди уште едно изненадување на стартот на шампионатот.
Феризај, кој е предводен од македонската легенда Зоран Петковски, во првото коло го совлада актуелниот првак Истогу со 33-31 на домашен терен.
Иако гостинките имаа предност од три гола, сепак избраничките на Петковски уште до паузата обезбедија предност, 16-14.
Во вториот дел Феризај константно беше во позитива, имаше и четири плус, па тимот на Петковски рутински го доврши натпреварот.
Најдобар стрелец во победничкиот состав беше Салемату Камара со десет гола, додека Шкурте Мехмети даде шест.