Тимот на Холабрун, каде што тренер е некогашниот репрезентативец Влатко Митков, а таму играат уште двајца Македонци, стартуваше во новата сезона со победа.
Во Втората лига на Австрија, Холабрун славеше на гостувањето кај Корнебург со 30-28, откако и на полувремето водеше со 16-13.
Десниот бек Хари Павлов беше најдобар стрелец во победничкиот тим со шест гола и заслужено беше избран за МВП на натпреварот.
Кружниот напаѓач во тимот на Митков, Филип Арсеновски, постигна три погодоци и беше клучната алка во одбраната на Холабрун.
Овој тим и тројцата Македонци следниот викенд ќе играат на домашен терен за првпат сезонава а ривал ќе им биде составот на Фунфхаус.