Во Португалија и Романија изминатиот викенд се одиграа завршни турнири со четири екипи во Супер куповите.
Некогашниот стратег на Вардар и ЖРК Вардар, а сега на Динамо Букурешт го освои трофејот во Супер Купот по триумфот над Минаур Баја Маре со 37-29, а претходно во полуфиналето беше подобар од Констанца со 27-21.
Во Португалија исто така се играше завршен турнир во Супер Купот, а трофејот отиде кај Спортинг Лисабон, кој е ривал на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.
Спортинг славеше во финалето против Бенфика на Филип Талески со убедливи 37-21, а претходно во полуфиналето го елиминираше составот на Брага.