🎥 Алушовски: Охрид ќе биде подготвен за стартот на сезоната

Домаќинот на турнирот Охрид со два порази и едно реми ќе се бори за седмото место. На последниот меч со Партизан, во последната минута имаа водство од 27-26, а потоа примија гол со кој освоија само бод. За домаќините резултатот не е според очекуваното, а тренерот Стевче Алушовски сепак смета дека има уште време да се исправат грешките и да се постават сите коцки на своите места.

„Во овој момент резултатот не е важен. Не можам да бидам задооволен од местото на турнирот, ќе играме за 7 место, и не сум задоволен од тактичката недисциплина. Краток е периодот да се исправат грешките, Физички сме беспрекорно подготвени. Денеска бевме малку кратки во ротација. Ме загрижува што некои играчи да излезат од системот и д анаправат непшто, овој дел од сезоната она што ни претсои тоа е недозволиво. Укажавме и имаме уште две недели. За среќа имаме условно полесен противник, ќе гледаме да ги исправиме сите недостатоци. Во турнир во Прилеп треба да видиме што може да подобриме, смета Алушовски.

Тој е убеден дека до почетокот на првенството, се ќе биде на свое место, и Охрид ќе биде подготвен. Алушовски може ена дело д аги види ривалите Вардар и Алкалоид кои исто така играат во Охрид.

„Вардар е комплетно нова екпа од лани, и според мене се еден од најсериозните кандидати за титулата. Алкалоид е речиси иста со мала промена. Ние лани влеговме скромно во лигата рековме дека целта е да бидеме во плеј оф и потоа Европа. Така е и сега, се што е важно се игра од април иќе бидеме спремни дотогаш, вели Алушовски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)

Охрид има повеќе период за менување, и воигрување.

„И Вардар и Алкалои се спремаат за септември, имаат важни натпревари и не треба да експрименираат како ние. Не дека ние имаме лесен распоред, но имаме 1-2 недела повеќе да дојдеме до нивото на кое се Вардар и Алкалоид, во моментов, смета Алушовски.