🎥 Чирковиќ: Вардар и Целје покажаа најмногу на турнирот

Српски Партизан беше победник на првото издание на турнирот „Крсто Андоновски“ во 2022 година, а сега „црно-белите“ ќе играа за петтото место, откако ремизираа 27-27 со домаќинот Охрид.

Следниот ривал на Партизан ќе биде Динамо Панчево со што ќе има српско дерби во „Билјанини Извори“. За разлика од претходните два натпревари, на овој против Охрид тие изгледа многу подобро.

„До овој турнир се течеше според планот, на пријателските мечеви изгледавме како што сакавме. Овие натпревари тука беа нашите најлоши. Но, јас не сум фокусиран на резултатот, имаме девет нови играчи кои треба да се вклопат, вели Ѓорче Чирковиќ, тренерот на Партизан.

Тие во септември ги играат најважните натпревари во првенството на Србија.

„Во Србија се што е ракометно значајно се случува во септември. Супер куп, па играме со Војводина, а потоа и со Црвена Звезда. Немам луксуз да чекам, и морам сите одговори да ги добијам сега, па морав да им дадам минути на играчите и да имам одговори на сите прашања пред враќањео дома во Белград, вели Ѓорѓе Чирковиќ, тренерот на Партизан.

Партизан беше во група со Вардар, Охрид и Целје, а тренерот на Партизан имаше можнос д аги следи и другите тимови на турнирот. Но, најголем впечаток му оставиле токму тимови до неговата група.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)

„Вардар ми изгледаше многу натпреварувачи. Овој меч со Целје што следи ќе биде убавината на турнирот. Тие два екипи најмногу покажаа досега, смета Чирковиќ. Според негопрвенството во Македонија ќе биде интересно бидејќи од времето кога тој беше тренер па досега се појавија и други тимови.