🎥 ОХРИД 2024: Танкоски: Добивам шанса во Вардар – тоа е најважно

Вардар ја оствари втората победа на турнирот во Охрид, откако со 32-26 го победи Партизан од Белград. Сезонава во „црвено-црниот“ тим има нов средни бекови, а по неколку сезони во Битола дојде Марио Танкоски.

Вели дека е среќен што добива шанса во Вардар и убеден е дека ќе продолжи да се развива во вистински правец.

„Нормално е да има мали падови во играта. Утре имаме слободен, да се одмориме, па во петок со Целје да решаваме за првото место. Вардар добро одигра на почеток од сезоната, иако загубивме од Еурофарм Пелистер, но сепак добро изгледаме, и се движиме во добра насока, смета бекот на вардарци.

Тој по четири сезони во Битола реши да замине, и дојде во Скопје. Средните бекови се секогаш важни во тимот, па затоа и од него се очекува да донесе квалитет што му треба на тимот.

„Добро ме примија, добивам шанса што е најважно за мене. Добро се рзвивам. Вардар е сериозен клуб, македонски бренд. Среќен сум тука и ќе продолжам да работам, вели Марио Танкоски.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)

Дознајте ги сите новости поврзани со 3. издание на турнирот во Охрид во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.

,
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…