Лани грчкиот тим играше во финалето на турнирот во Охрид, но загуби, па сега доаѓаат со нова желба да стигнат до трофејот. Нова тим, со повеќе нови играчи, меѓу кои и Јосип Периќ. Тој беше дел од Еурофарм Пелистер, и смета дека го има „тоа што е потребно“ за неговиот тим да биде победник.
На првиот дуел на турнирот Олимпијакос со 37-22 го победи Ловќен.
„Причината за триумфот лежи во добрата атмосфера во екипата. Имаме доста нови играчи, Полека почнавме да тренираме, и се запознаваме. Добра е атмосферата, добар тимски дух и квалитетот што го имаме секогап доаѓаат до израз, смета Периќ.
Сите екипи се заедно во хотел, а тоа е можност повторно да се присетат на старите времиња.
„Среќен сум што сумп ак тука, Сите сме заедно во хотелот. Синоќа зборувавме, и пресметавме дека ни фалат само 3-4 играчи од таа наша прва сезона во Македонија. Секогап е добро тука да се биде со пријателите, вели Периќ.
Тој од Битола замина во унгарска Татбања, но сега реши да ја смени средината, и да замине кај неговиот поранешен тренер Желко Бабиќ.
View this post on Instagram
„Имав незгодна повреда во Татабања и решив да сменам средина. Дојдов кај Желко кој знае со какви проблеми се соочував и го знае мојот квалитет. Тука сум да му помонам и на тимот и на себе,за да се вратам во старата форма. Се надевам дека можам да и дадам нешто на екипата да го освои турнирот во Охрид, смета Периќ.
Олимпијакос е во група заедно со Ловќен, Алаклоид и Динамо Панчево, на турнирот.