Еурофарм Пелистер славеше во финалето на Струшкиот турнир над Вардар со 29-26 и го освои 14-тиот трофеј покрај езерото.
Капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски ја доби наградата за најдобар играч на турнирот во Струга, заедно со онаа тимската за освоеното прво место.
Во финалето постигна 6 гола, по три во секое полувреме. Најави дека тие имаат задача да се фокусираат на својата игра и она што го имаат зацртано за сезонава.
„Овој трофеј ќе ни значи многу за самодовербата оваа сезона, иако е само почеток“, вели Кузмановски.
Пелистерци ги очекува уште турнири во Болу и во Добој, пред Супер Куп натпреварот и стартот на сезоната во Супер лигата.
View this post on Instagram