Можеби резултатите на кадетската репрезентација на Македонија на Европското првенство во Црна Гора, не се според очекувањата на јавноста и на ракометните работници, сепак има и работи од кои треба да се биде задоволен.
Една од тие е изданието на чуварот на мрежата, Ѓорѓи Николовски, кој ги следи стапките на колегите од младинската репрезентација.
Николовски има солиден процент на успешност на одбранети удари на досегашните шест средби, 33.8%, а вкупно запиша 68 одбрани од 201 упатен удар.
Тоа е најмногу од сите голмани на континенталниот шампионат и доволно за прво место, а според процентот на одбрани, пред Николовски има петмина голмани, но сите тие бранеле многу помалку удари отколку македонскиот чувар на мрежата.
Македонија денеска ја очекува натпревар против селекцијата на Израел во разигрувањето за пласман од 17 до 20 место на ЕП.