🎥 СТРУГА 2024: Не е важно колку гола ќе дадам – треба тимот да победува

Една од важните алки во одбраната на Тиквеш е пивотменот Кристијан Анастасовски кој даде седум гола. Тимот од Кавадарци загуби со 30-32 од ГУИФ и „лозарите“ ќе разигруваат за петтото место. Иако беше најефикасен во својот тим, смета дека е поважни екипата да победува отколку тоа да даде повеќе голови.

Јас како играч не треба да бидам задоволен, битно е мојот да победи. Се надевам ќе бидеме подобри, моите голови се најмалку важни, смета Анастасовски.

Имаше водство од 3 гола Тиквеше во вториот дел, но гостите од Шведска направија резултатски пресврт.

„Имавме водство од три разлика. Втора недела од припреми, тешкинозе,малку и концентрација. Добар меч, борбен, кога требаше не реализиравме некој напад, пенал. Имавме грешки, и тие мораме да ги поправаме. Малку уморни, свежината го прави своето, смета Анастасовски.

Во разигрувањето з апеттото место Тиквеш во сабота ќе игра против Струга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)

 

Дознајте ги сите новости поврзани со 52. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.

,
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…