🎥 СТРУГА 2024: Јанкуловски – Нашата екипа е во формирање, париравме колку што можевме

Струга загуби на вториот натпревар од традиционалниот турнир, овојпат од грчкиот ПАОК Солун со 27-19.

Капитенот Тодор Јанкуловски смета дека ова не е максимумот на неговата екипа, која во овој момент има пионери и кадети.

„Нашата екипа се уште е во формирање, а ПАОК го доби натпреварот на искуство. Ние се уште сме тешки во нозете, но париравме колку што имавме сила“, вели Јанкуловски.

Струга по двата порази ќе игра со тимот на Тиквеш в сабота од 10:30 во СЦ „Тими“ во натпревар за петтото место.

Дознајте ги сите новости поврзани со 52. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.

,
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…