🎥 СТРУГА 2024: Георгиевски – Струга покажа дека знае ракомет и дека доаѓа од град со традиција

Македонскиот интернационалец Дарко Георгиевски во новата сезона ќе ги брани боите на грчкиот тим ПАОК Солун.

Освојувачот на Купот на Грција, во чиј состав е уште еден Македонецот, Виктор Гигов, во пресметка за првото место во групата ќе игра со Еурофарм Пелистер.

„Голем дел од екипата на ПАОК се промени, јас дојдов меѓу последните засилувања. Не беше баш лесна и рутинирана. Струга покажа дека знае ракомет, дека доаѓа од град со традиција“, вели Георгиевски.

ПАОК сега го чека средба со Еурофарм Пелистер. Ако победи ќе игра за трофејот, ако загуби оди во дуел за третото место на традиционалниот турнир.

Дознајте ги сите новости поврзани со 52. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.

,
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…