ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Кадетите на прв испит за опстанок – следи битка со Украина

По трите порази од Франција, Германија и Полска, македонските кадети ја завршија групната фаза од Европското првенство на последното место.

Од денеска го започнуваат разигрувањето за пласман од 17 до 24 и борба за опстанок на ЕП, односно да не се испадне во Б дивизија (ЕХФ шампионат) во 2026 година.

Селекциите што ќе завршат на 22, 23 и 24, а евентуално и 21 место ако домаќинот на следното младинско ЕП 2026 е меѓу последните три на ова ЕП, ќе испаднат од најсилната конкуренција и ќе играат на ЕХФ шампионат.

Македонија е дел од групата Л и денеска ќе игра против Украина, а потоа следуваат средби со Грција и Италија.

Покрај средбите за опстанок, ќе се играат натпревари и од главната рунда на кадетското ЕП, како и од рундата за пласман на СП 2025.

ДЕНЕСКА НА ЕП:

12:00 ШВЕДСКА – ИСЛАНД
14:30 ШПАНИЈА – НОРВЕШКА
17:00 СРБИЈА – ДАНСКА
19:30 ГЕРМАНИЈА – УНГАРИЈА
12:00 ПОРТУГАЛИЈА – СЛОВЕНИЈА
14:30 ФАРСКИ ОСТРОВИ – ЧЕШКА
17:00 ХРВАТСКА – АВСТРИЈА
19:30 ФРАНЦИЈА – ШВАЈЦАРИЈА
12:00 ИТАЛИЈА – ГРЦИЈА
14:30 МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА
17:00 ПОЛСКА – ИЗРАЕЛ
19:30 ЦРНА ГОРА – РОМАНИЈА