Аеродром најактивен меѓу прволигашите – договори за уште двајца млади ракометари

Тимот на Аеродром, кој во следната сезона ќе биде дел од прволигашката конкуренција, објави дека се потпишани договори со уште двајца млади ракометари.

Станува збор за Огнен Макалоски, десно крило кое доаѓа од Бутел Скопје и Даријан Костадиновски, кој беше дел од младинските категории и игра на позицијата лев бек.

Аеродромци неодамна објавија дека потпишаа договори со тројца кадети – Марко Николов, Бошко Ѓорѓиевски и Лазар Гулевски, кои од септември ќе имаат можност да се пробаат и во сениорска конкуренција.

Претходно тимот предводен од Дарко Петровски се договори и со Иво Петровски, Иван Ќурчиев, Стефан Ристоски, Виктор Панчевски, Виктор Наков, Димитар Босилковски и Благоја Зафировски.

Од Аеродром најавија и нови млади лица, кои ќе бидат промовирани следниот период и ќе ги бијат прволигашките битки.