Кадетската репрезентација на Македонија пружи голем отпор на фаворитот Германија, но на крајот загуби со 25-19 во второто коло од Европското првенство во Црна Гора.
Во отсуство на Дамјан Митев, лидерската улога во нашата репрезентација ја презема кружниот напаѓач Самоил Ристевски.
Ристевски освен тоа што одработуваше одлична работа во дефанзива, беше најдобар стрелец со 11 погодоци од 13 обиди, со 85% реализација.
Кружниот напаѓач се покажа и како одличен пеналџија со пет гола од шест обиди, а најубав гол беше оној во последната секунда од првиот дел од слободен удар.
Сега следува ден одмор, а на 10 август, нашите кадети ги чека пресметка со селекцијата на Полска.