Ракометарите на Вардар славеа со 35-26 против Бутел Скопје на првиот пријателски наптревар пред стартот на сезоната.
Во првиот дел доминираше Бутел Скопје, имаше и предност во повеќе наврати и од пет погодоци, а на пауза заминаа со водство од два гола, 16-14.
Во второто полувреме следуваше комплетен пресврт и вардарци ја преземаа контролата, а двајцата тренери ротираа многу ракометари.
Овие две екипи ќе одиграат уште еден натпревар меѓусебе в петок во салата „Круме Кепески“.