Две засилувања за Пролет – потпишаа Шилегов и Глигоров

Тимот на Пролет промовираше уште две нови засилувања пред стартот на новата сезона во Супер лигата.

Како што најави 24Ракомет, ново име во Пролет е десното крило Мице Шилегов, кој доаѓа од Голден Арт, а претходно кариерата ја градеше во Металург и Охрид.

Покрај Шилегов, Пролет се засили со младинскиот репрезентативец Андреј Глигоров, кој настапува на позицијата кружен напаѓач, а доаѓа исто така од Голден Арт.

Пролет претходно ги потврди трансферите на искусниот голман Златко Даскаловски, како и младиот пивот Стефан Стојчевиќ.