По Флери Луар, Мерињак, Бур Де Пеж…Нант е следниот женски француски клуб кој е на работ на банкрот и пропаѓање.
Процесот на ликвидација е веќе започнат и нема најави дека нешто ќе се смени на подобро. Ова се случува по повлекувањето на главнито спонзор, а покрај ракометниот клуб, слична судбина го чека и женскиот одбојкарски клуб.
Челниците на францускиот ракомет работат на тоа да не пропадне уште еден тим што ја освои титулата во Лигата на Европа пред три сезони, но нема позитивни сигнали.
Меѓу ракометарките кои се дел од Нант е и француската репрезентативка Лена Гранво, на која сигурно нема да и недостигаат понуди за да ја продолжи кариерата.
Има уште неколку квалитетни ракометарки од типот на голманката Џесика Риде, средниот бек Карин Стромберг…кои сигурно ќе бидат добредојдени во некој амбициозен европски клуб.