Германија имаше победнички старт на Олимписките игри во Париз, откако го доби дерби двобојот со Шведска со 30-27.
До средината на првиот дел се играше израмнето, пред можеби еден од најдобрите играчи на Германија, Јури Кнор да добие директен црвен картон поради остар старт.
Тоа не го смени текот на натпреварот и Германците тогаш првпат поведоа со два гола, 9-7, а до паузата двете екипи погодуваа или грешеа најизменично, 12-11.
Иако голманите Вулф и Паличка имаа свои моменти, сепак се постигнуваа многу голови на двете страни.
Клучната предност Германците ја направија во последните десетина минути, кога по 23-22, погодија два пати во серија за 25-22.
До крајот не ја испуштија предноста, а обидите на Шведска да се врати во мечот беа неуспешни.
Најдобар стрелец во таборот на Германија беше Усчинс со осум гола, голманот Вулф имаше 13 одбрани, додека во Шведска се истакна Ване со осум погодоци, а Паличка запиша исто колку Вулф – 13 интервенции.