Светската ракометна федерација ги објави делегирањата на официјалните лица за првото коло од Олимпискиот турнир во машка конкуренција.
Македонската двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски веќе на првиот ден од машкиот турнир ја доби првата задача.
Тие ќе го судат натпреварот меѓу Унгарија и Египет, кој се очекува да донесе големи возбудувања.
Овој меч е втор од олимписката програма на машкиот турнир и ќе започне од 11:00 часот, а ќе се игра во „Париз Арена“.