Машката кадетска репрезентација на Македонија ја реализира првата фаза од подготовките за настап на Европското првенство во Црна Гора.
Избраниците на Наум Танески, дел од подготовките ќе одработат и во Маврово и ќе одиграат две пријателски средби со Грција.
Натпреварите се закажани на 29 и 30 јули, а грчкиот селектор на првичниот список има 24 ракометари.
Македонија го стартува настапот на ЕП со меч против Франција на 7 август, а потоа следуваат дуелите со Германија и Полска.