Селекторот на Јапонија, Карлос Ортега, го објави скратениот список пред стартот на Олимписките игри во Париз.
Лидер ќе биде поранешниот среден бек на Вардар, Косуке Јасухира, додека тука е и пикерот на Нант, Шуичи Јошида.
„Самураите“ се во групата A на олимпискиот турнир со Шведска, Словенија, Германија, Хрватска и Шпанија.
Јапонците одиграа две пријателски средби против Фарски Острови, а ги чека уште контрола со Германија пред патот за Франција.