Некогашниот голман на Металург, Ненад Дамјановиќ, е нов тренер на голманите на спрскиот првак Војводина.
Дамјановиќ долги години работеше во унгарскиот ПИК Сегед, но ова лето се врати во татковината и ќе работи во Нови Сад.
Покрај него во стручниот штаб на тренерот Борис Ројевиќ остануваат Дејан Аничиќ, Александар Тунгуз и Милутин Лучиќ.
Дамјановиќ во играчката кариера освен во Автокоманда, бранеше во Синтелон, Партизан, Војводина, Врбас, Спартак Суботица, а по ангажманот во Македонија бранеше за романските Темишвар и Решица.
Војводина во новата сезона ќе игра директно во групната фаза од Лигата на Европа и ќе биде во четвртиот шешир пред ждрепката.
Дамјановиќ во Војводина ќе работи со голманското дуо Андреј Трнавац и Фран Лучин.