Ракометарите на Вардар ќе бидат дел од групната фаза во Лигата на Европа и ќе имаат загарантирано најмалку шест меѓународни натпревари.
Европската ракометна федерација потврди дека двократниот европски шампион ќе биде сместен во вториот шешир пред ждрепката.
Оваа сезона се пријавија вкупно 42 екипи, од кои 18 ќе играат во единственото квалификациско коло, а 22 имаат директно место во групната фаза.
Ждрепката за групната фаза е на 19 јули, додека претходно на 16 јули ќе бидат познати двојките за квалификациите.