Унгарскиот гигант Веспрем полека почнува да ја реализира најавата дека сака што повеќе домашни ракометари во тимот.
Со првиот тим на Веспрем ќе тренира 17-годишниот Даниел Јанош Барна, кој потпиша договор на четири сезони и најавено дека Чави Пасквал ќе смета на него во новата сезона.
Тој веќе дебитираше минатата сезона за првиот тим, одигра шест меча од унгарскиот шампионат, а беше најдобар стрелец со 207 гола во младинската екипа на Веспрем.
Барна ќе се бори за минутажа со шведскиот интернационалец Лукас Сандел и со Французинот Недим Ремили.
Веспрем е ривал на македонскиот првак Еурофарм Пелистер во групната фаза од Лигата на шампионите.