Тимот на Тиквеш од Кавадарци го формира играчкиот ростер за новата натпреварувачка сезона во која ќе влезе со големи амбиции.
Наjновото засилување доаѓа од грчкиот АЕК Атина, а тоа е голманот Игор Арсик, коj потпиша договор на една сезона.
Ова е камбек за искусниот чувар на мрежата во Македониja, откако претходно ги бранеше боите на Еурлфарм Работник и Пелистер.
Српскиот голман освен за АЕК Атина и македонските екипи, настапуваше и за ПАОК Солун, како и за српските Партизан и Раднички Крагујевац.
Претходно кавадарчани се засилиja со крилата Дарио Кофилоски и Мартин Димовски, како и пикерот Данило Осадчиj.
Тиквеш донесе и нов тренер – Драган Марковиќ, а пред стартот на сезоната кавадарчани ги очекува настапот на турнирот во Струга.