Францускиот шампион ПСЖ, кој е еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во рамки од групниот сегмент во ЛШ, успеа да ја продолжи соработката со Лука Карабатиќ.
Искусниот ракометар од сезона 2015/16 го носи дресот на „светците“, но во ниту една сезона со најбогатиот европски клуб не успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите.
Раководството на ПСЖ и 36-годишниот Карабатиќ се договорија на двегодишна соработка, па така кружниот напаѓач во тимот на Раул Гонзалез ќе остане најмалку до јуни, 2026 година.
ПСЖ во првото коло од Лигата на шампионите ќе гостува кај Еурофарм Пелистер. Првото соочување меѓу францускиот и македонскиот шампион ќе биде на 11/12 септември во Битола, додека последното на крајот од сезоната, односно на 5/6 март, 2025, во Париз.