Тимот на Куманово активно работи на формирањето на играчкиот ростер за наредната суперлигашка сезона во која ќе влезе со големи амбиции.
Најново засилување во составот на Љубиша Димковски е левиот бек Христијан Крстаноски (24/197/100).
Тој доаѓа од составот на Металург РА каде играше минатата сезона, а претходно освен за Струга, настапуваше токму за Куманово и за Вардар Неготино.
Крстаноски ги има минато сите младински категории во својот матичен клуб Струга ,а зад себе има настапи и во младинските категории во македонската репрезентација.
Претходно раководството на Куманово се раздели со двајца од странците, Милош Благојевиќ и Михајло Стевовиќ. Од Куманово замина и кружниот напаѓач Стефан Атанасовски, како и најдобриот стрелец Наум Костов.
Куманово ги договори левиот бек од младинскиот погон на Еурофарм Пелистер, Благој Христовски, потоа младиот пивот Цековски, доаѓа младинскиот репрезентативец Давид Димевски, како и десното крило Дамјан Јакимовски, кој минатата сезона беше дел од Скопје.
За Куманово потпиша и ракометарот од Бразил, Каио Винициус Де Соуза Мораис, а соработката со клубот ја продолжија кружниот напаѓач Дарио Симоноски и искусниот Грузиец, Уча Гамзардија.