Некогашната голема надеж на Црна Гора, десниот бек Ѓурѓина Маловиќ, ќе има нов предизвик на интернационална ниво.
Црногорската репрезентативка одлучи да се врати во Унгарија и таму ќе го носи дресот на Сомбатељ, кој ја освои титулата во Првата лига и повторно ќе биде дел од унгарската елита.
Од ова лето во повратникот во најквалитетното унгарско натпреварување ќе настапува и македонската репрезентативка, кружниот напаѓач Ивана Џатевска.
Маловиќ изминатата сезона ја мина во редовите на Крајова од Романија, а во својата кариера настапуваше и за францускиот Тулун, ФТЦ и МТК од Унгарија, полскиот Љубин, како и за црногорските Будуќност и Даниловград.
28-годишната ракометарка со репрезентацијата на Црна Гора на Европското првенство 2022 го освои бронзениот медал.