Левото крило Христи Бикоски и во наредната сезона ќе го носи дресот на Прилеп, но овојпат како капитен.
За Бикоски, кој е еден од најдобрите стрелци во составот на Божидар Мојсов, следната сезона ќе биде шеста по ред во Прилеп.
Прилепчани, кои опстанокот во суперлигашката конкуренција го обезбедија од првата позиција во плеј-аутот и во новата сезона ќе влезат со големи амбиции.
Претходно се засилија со кружниот напаѓач Александар Тренчевски, средниот бек Божидар Илиески, десниот бек Никола Јеремиќ и голманот Стефан Христоски.