Еден од најдобрите голмани на светот Андреас Вулф во изминатиот период често е поврзуван како нов потенцијален голман на екс европскиот првак Магдебург.
Вулф од сезона 2019/20 е член на Келце, со полскиот вицепрвак има долгорочен договор, односно двете страни имаат соработка до 2028 година.
Според „Билд“ Магдебург нуди оштета од 1.200.000 евра за искусниот голман да го донесе во своите редови.
Тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт, за германскиот портал „Handball World“ ги коментираше шпекулациите за можната преселба на Вулф во неговиот тим.
,,Веќе кажав сè на оваа тема, но би сакал да нагласам едно: немав контакт со Келце, иако познавам многу од раководството на тимот. Вулф сè уште е под договор до летото 2028 година. Изненаден сум од висината на обештетувањето од 1,2 милиони евра. Гледајќи ги овие бројки, сите треба да бидеме сериозни. Пред неколку сезони ќе се смеевме на ваквите гласини, но сега ова е веќе реалност “, изјави Вигерт.