Целје не престанува, донесе украински репрезентативец

Довчерашниот шампион на Словенија, тимот на Целје, иако нема да игра во Лигата на шампионите, сепак, создава респектабилен тим за новата натпреварувачка сезона.

По ангажирањето на португалскиот селектор Пауло Переира и довчерашниот член на Копер, младиот Андраж Макуц, словенечкиот клуб денеска го промовираше новото засилување.

Ново име во редовите на Целје е репрезентативецот на Украина, Олександар Онуфриенко, кој во последните две сезони настапуваше за Мотор.

Освен за Мотор, кружниот напаѓач во својата кариера го носеше дресот и на СКА Минск и грчкиот Аеропос Едеса.

Во Словенија ќе го има второто интернационално искуство во својата кариера, а во Целје доаѓа како замена за Рок Мариќ и Игор Жабиќ.

Дресот на Целје од следната сезона ќе го носи и членот на Ференцварош, средниот бек Алекс Богнар.

Нема да играат ЛШ, но го донесоа португалскиот селектор

 

 

Целје го донесе најдобриот стрелец во лигата