Словенечкиот репрезентативец Ник Хенигман би можел да биде новото засилување во составот на македонскиот шампион пред почетокот на сезоната.
Според информациите на „Handball Basse“, искусниот лев бек се наоѓа пред трансфер во редовите на „зелено-белите“.
Хенигман во последните две сезони го носеше дресот на Сен Рафаел од Франција, претходно четири сезони играше за унгарскиот ПИК Сегед.
Со клубот од Сегед настапуваше и на европска сцена, поточно во Лигата на шампионите и со своето стекнато искуство би требало да биде големо засилување за битолчани.
Еурофарм Пелистер досега се засили со Никола Митревски и двајцата Хрвати – Филип Ивиќ и Кајо Цикатиќ.