🎥📸 Ланскиот освојувач го одбрани трофејот на турнирот „Марко Божиновски“

Екипата на Алкалоид го одбрани трофејот на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, откако во финалето славеше над босанскиот Коњух со 28:27.

Бронзениот медал им припадна на ракометарите на Еурофарм Пелистер, кои беа подобри од црногорскиот Морнар Бар, триумфираа 39:30 (20:13).

На третото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“ учествуваа и екипите на Струга, Одорхеи од Романија, Бутел Скопје и Вардар..

За најдобар стрелец беше избран Данило Бутиќ од Морнар Бар, наградата за нај голман замина во рацете на Амел Мухавдиќ од Коњух, додека за МВП беше избран Мартин Крстевски од редовите на шампионската екипа.

Наградата за најдобро лево крило, позиција на која играше Марко Божиновски, ја освои Марко Димовски од Еурофарм Пелистер.

 

Еурофарм Пелистер го освои третото место
Коњух по вторпат е второпласиран на турнирот
Сините од Автокоманда ја одбранија титулата
Данило Бутиќ од Морнар Бар е најдобриот стрелец со 37 постигнати голови
Амел Мухавдиќ од Коњух е најдобриот голман
За МВП беше избран Мартин Крстевски
Наградата за најдобро лево крило ја освои Марко Димовски од Еурофарм Пелистер.