Француски десен бек доаѓа во Тиквеш!

Тимот на Тиквеш во претстојната сезона ќе биде посилен за десниот бек од Франција, Шамал Абдула, кој доаѓа од првенството на Либија.

Таму настапуваше минатата сезона за тимот на Ал Ахли Бенгази, додека има искуство од настапи во Тунис за Масакен во сезоната 2024/25, како и во татковината.

Во Франција ги носеше дресовите на Сен Рафаел до 2018 година, а потоа играше и за Драгуињан и Буржуен.

Претходно кавадарчани ги засилија своите редови со голманот Бојан Солев, потоа кружниот напаѓач Борјан Цековски, како и бековите Томислав Димковски, Тоше Ончев и Мохамед Бен Махфуд.

Тиквеш ќе биде активен на домашна, но и на меѓународна сцена каде во ЕХФ Европскиот Куп ќе се соочи со Еш од Луксембург.