Македонската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски добија нова задача на Светското првенство за кадетки.
На Мундијалот во Романија, Божиновски и Начевски ќе судат натпревар од главната рунда кој носи место во четвртфиналето.
Тие се делегирани на натпреварот меѓу Словачка и Швајцарија, а победникот ќе обезбеди место во ТОП 8.
Натпреварот меѓу Словачка и Швајцарија се игра денеска со почеток во 10:45 часот во Миовени.























