Несудениот ракометар на Вардар, Жилберто Дуарте, се наоѓа пред камбек во тимот на Порто, пренесува „RTH Handball“.
Левиот бек во изминатата сезона настапуваше во францускиот шампионат, поточно во тимот на Екс ан Прованс, претходно ги носеше дресовите на Гепинген, Монпелје, Барселона, Висла Плоцк…
Португалецот во сезона 2022/23 требаше да пристигне во Вардар, но откако „црвено-црните“ не добија дозвола од ЕХФ за настап во ЛШ, искусниот ракометар за краток период си најде нов ангажман и се пресели во Бундес лигата.
Порто за новата сезона го врати тренерот Магнус Андерсон, а досега единствено потврдени засилувања се голманот Пјер од Трембле и левиот бек Гунарсон од Афтурелдинг.
Од Порто си заминаа Митревски, Плаза Хименез, Бранкињо, Ареја, Лесо, Магелаеш, Силва…
Поранешниот шампион на Португалија е еден од тимовите кои што аплицираше за вајлд-карта за настап во европската елита.