На семинарот што се одржа во Врњачка Бања, во организација на Европската ракометна федерација и Ракометниот Сојуз на Србија, покрај тоа што обновуваа Мастер Коуч лиценца, се одржуваа и предавања во рамките на вториот Модул од патот кон стекнување на највисоката тренерска лиценца.
На овој семинар беа присутни 24 тренери од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Данска, Португалија…а меѓу нив и шестмина кои работеа или работат во Македонија.
Станува збор за Алексо Лембанов, кој минатата сезона беше дел од Ал Сафа во Саудиска Арабија, предводничката на Скопје, Андријана Будимир, потоа Анжела Платон која го води Вардар, Александра Кузмановска од Металург РА, Мери Арсениевска од младинските категории на женскиот тим на Металург, како и Даниела Новеска, која работи во младинските категории на Вардар.
Нив ги дели уште еден чекор до Мастер Коуч лиценца, а кога ќе го завршат и третиот Модул, ќе имаат шанса да го бранат својот труд пред комисијата.
Предавачи на семинарот во Врњачка Бања, каде многу македонски тренери и ги обновуваа своите лиценци, беа екс предводниците на Вардар, Давид Дејвис и Ким Расмусен.
Македонските тренери обновуваат „Мастер Коуч“ лиценци во Врњачка Бања