🎥 📸 Карабатиќ со трофеј се прости од ПСЖ, и Ѓоковиќ го испрати во пензија

Ракометарите на ПСЖ го одбранија тронот во Франција и ја освоија титулата, откако славеа над Екс Ан Прованс со 39-36.

Сепак главен настан беше заминувањето во пензија на легендарниот Никола Карабатиќ, кој го одигра последниот натпревар во богатата кариера.

Овој дуел се одигра пред полни трибини во „Акор Арена“, а меѓу присутните беше и тенисерот Новак Ѓоковиќ.

Карабатиќ освои се што може да се освои во ракометот, а во 22 сезони од 23 одиграни на професионално ниво освојуваше титули со Монпелје и ПСЖ во Франција, Барселона во Шпанија и Кил во Германија.

Навивачите на ПСЖ му подготвија спектакуларна кореографија со неговиот лик, а на крајот на мечот заврши и на рацете на соиграчите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Saint-Germain (@psg)