Довчерашниот член на Охрид, Адмир Пелидија, во следната сезона ќе настапува во полскиот суперлигаш Гвардија Ополе.
Црногорскиот интернационалец иако во тимот на Стевче Алушовски мина една полусезона, сепак, успеа да се покаже во добро светло.
Неговите солидни настапи во дресот на Охрид беа забележани од страна на раководството на полскиот тим, па така Пелидија ќе има нов предизвик во кариерата.
29-годишниот ракометар ги мина младинските репрезентации на Црна Гора, а има запишано и настапи за сениорската репрезентација.
Потекнува од школата на Рудар Плевља, а на интернационално ниво играше за Горажде од БиХ, турскиот Беледије и шпанскиот Алкобендас.
Тренер на Гвардија Ополе е поранешниот репрезентативец на Полска, Барош Јурецки, а клубот сезоната во домашниот шампионат ја заврши на 9. позиција.