Победнички крај на битолчанки во Женската лига

Ракометарките на Пелистер победнички ја завршија натпреварувачката сезона 2023/24 во Женската лига, откако на гостувањето во Скопје кај Спартак во заостанатиот натпревар од 25. коло обезбедија лесен триумф.

Избраничките на Адријано Котевски немаа поголеми проблеми да дојдат до победа, која што беше изразена со 8 гола разлика, 40:32. Победникот беше познат уште по првото полувреме, кое го добија битолчанки со 22:15 и според планираното ги одиграа вторите 30 минути.

Во битолскиот тим повторно шутерски расположена беше Моника Босилковска, левото крило доминираше на теренот со 11 погодоци. Босилковска своја поддршка имаше од Анастасија Дамјановска, Ана Марија Талева и Анастасија Тодоровска, кои запишаа по пет реализации.

Во поразениот табор убедливо најдобра беше Мила Мемов, која зад своето име запиша девет погодоци и подели неколку асистенции кон своите колешки.

Пелистер сезоната ја заврши на 7. позиција, додека Спартак на десето место во конкуренција на 14 екипи.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080