Тимот на Металург Автокоманда ќе има уште поголеми амбиции за следната сезона и уште отсега почна да го фомира ростерот за европските настапи и за домашните предизвици.
Како што најави 24Ракомет, новакот во Женската лига, по Александра Коловска, ангажираше уште две ракометарки – сестрите Бојана и Борјана Коцеви од градскиот ривал Вардар. Тие беа на листата на желби на повеќе клубови, но нивните потписи ги доби тимот од Автокоманда.
Двете младински и сениорски репрезентативки на Македонија играат во одлична форма, имаат голем напредок и ќе бидат големи засилувања во тимот на Јулијана Дамчевска.
Но Металург Автокоманда не застанува тука и планира уште повеќе да го засили ростерот најмалку со уште три ракометарки од македонското првенство кои му „фатиле“ око на раководството на клубот.
Металург Автокоманда во првата сезона од настапите во Женската лига заврши на третото место, а во Купот на Македонија беа елиминирани од Куманово во фазата по групи.