На денешната програма во Македонија ќе има осум дуели, два од нив се во рамките од претпоследното, 13. коло во суперлигашкиот плеј-оф/аут.
Ракометарите на Вардар на свој терен по вторпат сезонава ќе се соочат со составот на Охрид, кој на првиот дуел со „црвено-црните“ даде силен отпор.
Тимот на Прилеп ќе гостува кај Вардар Неготино и ќе се обиде со нови три бодови да направи голем исчекор кон обезбедување директен опстанок во елитата.
Прилепчани играат одлично во вториот дел од сезоната и на денешниот дуел со неготинци ќе ја имаат фаворитската улога.
Денеска ќе има и четири дуели во единственото женско сениорско натпреварување и два дуели во прволигашката конкуренција.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:30 СТРУЖАНКА – СПАРТАК
13:00 ВАРДАР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
13:00 ГЕВГЕЛИЈА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ
15:30 ПЕЛИСТЕР – ДЕСПИНА
16:00 ВАРДАР – ОХРИД
17:00 ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА – ОВЧЕ ПОЛЕ
18:00 ДРАЧЕВО – РАДОВИШ
18:30 ВАРДАР НЕГОТИНО – ПРИЛЕП