Во рамките на своите програмски определби за стратешки континуиран развој на најмладинските категории, ракометната школа Вардар-Охрид, повторно го организира турнирот „5-ка за ракомет“.
Ова година ќе биде четвртото издание на турнирот, а натпреварите ќе се одиграат на 26 мај во СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.
На турнирот ќе продефилираат околу 300 деца од Македонија, а учество ќе земат 11 клубови и ракометни школи.
„Преку овој спортски настан се обидуваме на децата да им наметнеме една претстава за голем ракомет како и натпреварувачки дух и натпреварувачки карактер. За сите учесници обезбедивме медал, храна и вода. Многу важно што треба да се напомене е дека за здравјето на децата ќе се грижи доктор од “Црвен Крст”- Охрид, исто така на наше задоволство за фотографија/видео е задолжен Стојан Стојаноски (2S)“, изјави Борис Џутески, организатор на турнирот.
Покрај организаторот Вардар Охрид, тука се тимот на Охрид, ЖРК Струга, Јехона, Преспа Ресен, како и школите Пантери од Кичево, Динг од Струга, Металург од Кичево, Филип од Прилеп, Асови и Кале од Кичево.